ДЕВИЦА

Маж Девица: Бидејќи аналитичноста е една од вашите најизразени црти, таа кај вас стапува на сцена во секоја животна ситуација, според тоа и во љубовта. Благодарение на тоа вие брзо ги одмерувате позитивните и негативните особини на потенцијалната дама, а потоа, доколку се заинтересирате, ништо не може да ве спречи во освојувањето. Доколку наидете на препрека, вие разумно и успешно ја отстранувате. Освојувате со своите доминантни особини и тоа практичноста, дипломатичноста, смислата за организација, вечната будност на духот. Со овие особини го плените женскиот свет, па затоа “пленот” лесно станува ваш. Но за секој случај можете себеси да се зајакнете уште со некој адут - внесете малку романтика, нежност и поетика во вашиот стил и тогаш можете да бидете сигурни - нема дама на која тоа нема да и се допадне. Тајната на вашиот успех во освојувањето лежи во доброто планирање, систематичноста, сигурноста во настапот, желбата да се успее.

Жена Девица: Вие освојувате вешто криејќи ја вистината за себе... Секој пат кога тргнете во освојувачки потфат обавезно спремате нова маска, но секогаш со примеса на наивност и страмежливост. Зашто, кој знае каков е оној на кого ќе наидете. А потоа ако се покаже како пријатен и плус тоа ви се допадне, вие ќе ја симнете маската. Во спротивно ќе ја задржите уште извесно време, па ако утврдите дека тој сепак не е за вас, ќе заминете што подалеку од него, така што тој нема ни да насети кои сте вие во стварност. Освојувате со вашата грациозност, атрактивност, женственост, елеганција, шарм, префинетост. Друштвени сте, комуникативни, умеете убаво да се забавувате, па и да ги забавите и другите. Знаете да фасцинирате, да поттикнете и разбудите токму она што треба. Тајната на вашиот успех во освојувањето е во вешто избраната маска, во спретното кокетирање. Само, внимавајте - маската треба да ја симнете во вистинскиот момент.